Поврзете се со нас

Шпанија

Историски срам за „кралевите“: Алкојано со играч помалку го елиминираше Реал во Купот (Видео)

Објавено

на

Реал Мадрид се чиеше дека доби премија кога во 1/16 финалната ждрепка го доби Алкојано за свој противник во Купот, но на крајот овој третолигаш се претвори во ноќен кошмар за „кралскиот клуб“ и тоа од историски размери.

Малиот клуб од Валенсија успеа да нарпави една од најголемите сензации во историјата на шпанскиот фудбал, бидејќи успеа да го елиминира најтрофејниот клуб со нестварен триумф од 2:1.

Алкојано имаше негатива од 0:1 со оглед на тоа што Реал поведе со голот на Милитао во 45 минута, но во последните 10 минути од мечот, почнавме да ги гледаме првите значи за чудо. Домаќините израмнија со голот на Солбес во 80-та минута, издржаа на налетите на гостите до крајот, а потоа во продолженијата се случи нешто незапаметено.

Домаќините добија и црвен картон во 110-та минута поради втор жолт на Лопез, но пет минути подоцна, со играч помалку на теренот, третолигашот постигна гол преку Казанова и ги посрамоти ѕвездите на Зидан.

Инаку, францускиот стручњак тактизираше и на овој натпревар започна со комбиниран состав, но откако виде дека може да има проблеми, во игра влегоа и Бензема, Асенсио, Азар и Крос. Четирите големи ѕвезди не успеаја да направат промена, па на крајот беа само дел од дебаклот кој експресно стана топ тема во Шпанија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни