Велосипедизам
Историски пресврт на Тур де Франс: Погачар му ја „украде“ титулата на Роглич во завршниот чин (Видео)

Претпоследната етапа на овогодинешното издание на Тур Де Франс ни го донесе најголемото возбудување, бидејќи медиумите кои редовно ги следат случувањата во велосипедизмот пишуваат за еден од најголемите и најепски пресврти во историјата.
Денешниот хронометар во должина од 36 километри се очекуваше да биде рутинска должност за Примож Роглич, но наместо тоа, истиот се претвори во вистински кошмар за искусниот Словенец. Во пресрет на денешната етапа, Погачар имаше предност од 57 секунди во однос на Тадеј Погачар, но тоа на крајот се покажа како премалку со оглед на херојското издание на помладиот Словенец.
Погачар беше неверојатно брз на делницата од 36 километри, па откако беше побрз од Роглич точно 1 минута и 56 секунди, успеа да направи сензационален пресврт и да стигне до титулата на најпрестижната велосипедска трка во светот.
Како што можеше да се очекува, емоциите кај двајцата Словенци беа различни по крајот на трката, но мора да се поздрави потегот на Роглич кој и покрај очајот, отиде да му честита на својот сонародник.
Утре на програмата е последната етапа и финишот во Елисејските полиња, а бидејќи нема простор за никакво изненадување, јасно е дека Погачар на луд и драматичен начин стигна до своето прво славје на Тур де Франс.
🤩 Dénouement de légende sur La Planche des Belles Filles !
🎬 Revivez l'étape 20 du #TDF2020 en 1 minute !#TDFunited pic.twitter.com/EAfLbowc0b
— Tour de France™ (@LeTour) September 19, 2020
He gave everything, but it wasn't his day.
Il a tout donné mais ce n'était pas sa journée.#TDF2020 pic.twitter.com/UEplffOc0M
— Tour de France™ (@LeTour) September 19, 2020

- АТПпред 23 часа
Надал: Неверојатно е што правеше Медеведев против Ѓоковиќ, тоа е неприфатливо!
- Шпанијапред 21 час
Тони Крос: Јас речиси никогаш не сум повреден, навистина не знам што прават соиграчите…..
- Светпред 24 часа
Фердинанд: Добивме доказ колку е лоша шпанската Ла Лига!
- Англијапред 22 часа
Тухел си ја призна грешката и го испофали својот херој: Тој тренира како да има 15 години помалку!
- НБАпред 22 часа
Дончиќ и Марјановиќ заиграа оро на паркетот, Американците се прснаа од смеа (Видео)
- Шпанијапред 21 час
Иниеста за својот наследник во Барселона: Тој е поразличен од сите други
- Англијапред 18 часа
Анхелињо: Гвардиола ме уби мене и мојата самодоверба!
- НБАпред 20 часа
Комплетирани се составите: Познати се резервите за Ол-стар битката во Атланта