Поврзете се со нас

АТП

Историски настап: Синер направи нешто што го немаат направено ниту Ѓоковиќ и Федерер (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ErsteBankOpen

Јаник Синер ја комплетираше незаборавната 2024-та година на најдобар можен начин, односно со голема победа на завршниот турнир на кој играа најдобрите осум тенисери.

Италијанецот беше недопирлив за конкуренцијата и со пет победи го заокружи настапот во Торино, епилог со кој инкасираше огромна сума на пари, но со кој само потврди дека е светски рекет број еден во моментов.

Синер заработи речиси 5 милиони долари поради петте победи и во неполн месец инкасираше 11 милиони долари (6 милиони инкасираше во Ријад), но наспроти добрата финансиска заработка, неговиот настап во Торино ќе се памети и по друг историски параметар.

Јаник направи нешто што не им појде од рака и на најголемите шампиони на завршните Мастерси, бидејќи ниту Ѓоковиќ и Федерер не освоија ваков турнир без да загубат сет.

Синер не загуби ниту еден сет на претходните пет меча изминатава недела и повтори достигнување на легендарниот Иван Лендл, тенисер кој беше последен кој не загубил сет на завршниот Мастерс (во далечната 1986-та година).

Ѓоковиќ како рекордер со седум освоени титули ниту еднаш не комплетираше пет победи без загубен сет, а истото важи и за Федерер кој освои една титула помалку (шест).

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни