Поврзете се со нас

Македонија

Историски настан: Виктор Давидовски „прекомандуван“ во светското ТЦР првенство!

Објавено

на

Македонскиот возач Виктор Давидовски ја имаше најуспешната сезона во кариерата откако во 2018 година се натпреварува во ТЦР Европа, при што на трката во Франција ја извојува и првата победа во најелитното туринг натпреварување на Стариот континент, а сега неговиот тим „Comtoyou Racing“ соопшти дека ќе му овозможи да се натпреварува и во светското ТЦР првенство.

Давидовски ќе добие „вајлд карта“ и ќе учествува на последните две трки од 2022 година што ќе се возат во Бахреин и Саудиска Арабија. Соглассно процедурата за настап, неговиот автомобил ќе има +10 килограми од спецификацијата на другите возачи која ќе биде позната со таканаречениот „БоП“ (баланс на перформанси), а која е променлива од трка во трка согласно претходно постигнатите резултати. Заедно со него ќе биде и Франко Џиролами, со кој заедно настапуваа минатите две сезони како тимски колеги.

Официјалното соопштение на тимот е објавено на веб страната на првенството FIAWTCR, а во него е лиферувана изјава на Давидовски.

– Овие трки ќе бидат голем предизвик за мене, но јас веќе се подготвувам за нив заедно со Франко возејќи ги на симулатор и тренирајќи секој ден. Се внесувам максимално и се обидам да го дадам најдоброто од себе. Отсекогаш сум имал амбиција да се натпреварува на светско ниво какво што има WTCR. Знам дека тоа е чекор погоре од ТЦР Европа. Јас веќе имам победа таму и знам дека никој не ги подарува во таа серија. Благодарен сум до тимот „Comtoyou“ за оваа можност, ова е остварување на сонот за мене!

Менаџерот на тимот, Франсоа Вербис најави дека има големи очекувања.

– Ова е одлична можност за Франко да го покаже својот потенцијал, во што ние веруваме. Работиме со него веќе цела година и тој навистина ја заслужи титулата во ТЦР Европа и беше најдобар. Тој работи напорно и заслужува да биде дел од WTCR. Ние како тим сакам да продолжиме со него во ова натпреварување. За Виктор, тој имаше амбиција да се натпреварува на светско ниво и среќни сме што можеме да го направиме ова да се случи. Ние добро знаеме дека тој има капацитет за ова. Гаиме големи очекувања за двата настани и подготвени сме да одиме до крај. Дефинитвно гледаме позитивно на ова, одиме во Бахреин со висока мотивација за да ја намалиме предноста на водечкиот Микел Аскона.

Виктор Давидовски е најуспешниот македонски возач на кружни патеки, кој во трките возени во Македонија има освоенo четири титули, а уште шест титули има освоено во трките кои ги возел на првенствата во Србија. Во ТЦР Европа годинава го освои „Дајмонд“ трофејот, кој се доделува на најуспешните возачи над 40 години.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни