Поврзете се со нас

АТП

Историски момент во тенисот: Ѓоковиќ им се приклучи на своите три најголеми ривали (Фото)

Објавено

на

Лејвер Купот веќе неколку години наназад е вистинска гаранција за тениски спектакл кој носи многу атрактивни мечеви, бидејќи тоа е единствена прилика при која најдобрите светски тенисери се екипираат и играат како тимови едни против други.

Овогодинешното издание во Лондон ќе се одржи во месец септември, а истиот ќе биде историски и уникатно бидејќи сега и официјално стана познато дека „големата четворка“ ќе се обедини и ќе биде во ист тим.

Новак Ѓоковиќ ќе биде во тимот на Европа и им се приклучи на Федерер, Надал и Мари, што значи дека четворицата првпат ќе бидат во ист тим и ќе се борат против Останатиот дел од светот.

– Многу сум возбуден што повторно му се приклучувам на тимот на Европа за Лејвер Купот. Тоа е единствено натпреварување на кое може да играте тимски против тенисерите кои обично ви се ривали.

– Ќе бидам во ист тим со Рафа, Рожер и Енди, тоа се тројцата мои најголеми ривали. Тоа ќе биде уникатен момент за нашиот спорт, – изјави Ѓоковиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни