Поврзете се со нас

Шпанија

Историски момент: Тројца навивачи на Валенсија добија затворска казна поради скандалот со Винисиус

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/valenciacf_en

Судот во Валенсија донесе историска пресуда во борбата против расизмот и одреди затворска казна за тројца фудбалски фанови кои пред една година режираа немили сцени на „Месталја“, па со тоа се затвори една непријатна епизода која се провлекуваше во јавноста со месеци наназад.

Ла Лига со помош на полицијата ги детектираше тројцата фанови на Валенсија кои расистички го навредуваа Винисиус Жуниор на натпреварот кој се одигра на 21-ви мај 2023-та година, па откако поднесе тужба против нив, во целиот случај се вклучија и самиот фудбалер и Реал Мадрид како клуб.

Една година подоцна, судот во Валенсија донесе пресуда и одреди осуммесечна затворска казна за фановите на Валенсија, кои поради своите постапки, ќе мора да завршат зад решетки.

Главниот судија за овој случај ги земал како олеснителни околности излагањата на фановите кои посочиле дека се каат за направеното, па затоа и одредената казна е малку ублажена.

Наместо предвидените 12 месеци затвор, конечната пресуда е осум месеци затвор, а исто така фановите добиваат и двегодишна забрана за присуство на било кој стадион во Шпанија.

Ова е прва и историска пресуда за еден расистички скандал во шпанскиот фудбал, па со истата секако се испраќа јасна порака до сите оние кои честопати знаат да ги навредуваат фудбалерите поради нивната боја на кожата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни