Поврзете се со нас

Боречки спортови

Историски момент: Медалот од Олимписките игри блесна на градите на Георгиевски (Фото)

Објавено

на

Дејан Георгиевски ја обедени цела македонска јавност во неколку часа, бидејќи со своите настапи на Олимписките игри во Токио го сврте вниманието на себе и цел тим кој со него отпатува во Јапонија.

Македонскиот таеквондо бисер кој има само 22 години докажа дека може да се носи со најсилните ривали во светот, па иако имаше одлична борба и во големото финале, на крајот се задоволи со сребрениот медал кој носи историја за независна Македонија на една Олимпијада.

Георгиевски започна фуриозно уште во 6 часот наутро по македонско време, го победи светскиот првак од Куба и се пласираше во четвртфиналето, во оваа рунда беше подобар од Сејду Губане од Брегот на Слоновата Коска, додека во претпоследната борба, односно во полуфиналето беше подобар од фаворизираниот Кореец Ин.

Маестралниот Дејан со извонредната техника и храбрата острина и агресивност не им даде никаква шанса на споменатите ривали, а феноменален беше и во финалето против Русинот Владислав Ларин кој победи со 15:9.

Русинот го препозна потенцијалот на Македонецот и му честиташе за фантастичната борба на завршниот двобој, а фотографијата на која се гледа како сребрениот олимписки медал блеска на градите на Георгиевски веќе е македонска историја.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни