Поврзете се со нас

Шпанија

Историски хет-трик за Бензема, Реал испорача шест „парчиња“ на „Бернабеу“ (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Реал Мадрид немаше милост кон клубот кој е во сопственост на „Феноменот“ Роналдо, па така Валјадолид попладнево си замина со тежок и болен пораз од „Сантијаго Бернабеу“.

Разликата во квалитет беше енормна и избраниците на Карло Анчелоти беа расположени за давање голови, а тоа особено важеше за Карим Бензема кој постигна историски хет-трик.

На Французинот му требаа само шест ипол минути за да постигне три гола во мрежата на Асенхо во периодот од 29-та до 36-та минута, а со тоа изби на историскиот пиедестал. Бензема е третиот играч кој постигнал најбрз хет-трик во историјата на Реал, веднаш зад Пахињо на кого му требале четири минути, но и зад Јеро кој му дал три гола на Еспањол за точно шест минути.

Пред неверојатниот подвиг на Бензема, Родриго го отвори резултатот во првиот дел, а во второто полувреме видовме уште два гола од страна на домашниот тим.

Марко Асенсио погоди за 5:0 откако претходно му беше поништен гол на Родриго, додека конечните 6:0 во судиското продолжение ги постави Лукас Васкез.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни