Историски бод за Вардар, Розенборг се провлече во Скопје (Видео)

barsegjan

Македонскиот претставник Вардар со еден освоен бод го заврши своето прво историско учество во групната фаза во Лига Европа. Најдобриот македонски фудбалски колектив вечерва во шестиот меч во групата Л ремизираше со Розенборг играјќи 1-1, но може да жали што не дојде до трите бода и победа на националната арена „Филип Втори“ во Скопје

„Црвено-црните“ беа подобар и поконретен ривал, создадоа повеќе шанси од норвешкиот прволигаш, ама и покрај тоа не успеаа да донесат победа и да ги израдуваат своите навивачи, популарните „Комити“ кои им дадоа максимална поддршка низ сите 90 минути.

Вардарци од неколкуте шанси кои ги создадоа во првиот и вториот дел реализираше само една и тоа преку Итало во 9 минута за водство од 1-0. Потоа четата на Јаневски се бореше, имаше прилики за зголемување на водството, но откако истите не ги круниса дојде казната во самиот финиш на првите 45 минути, Гачевски го фаулираше Адегбенро во шестнаесетникот по што беше покажан удар од 11 метри кој го искористи искусниот Бендтнер.

Промени во вториот дел немаше што значи Вардар групата Л е ја завршува на четвртата позиција со еден бод и негативна гол разлика 20-3. Розенборг е трет со 5 поени, Сосиедат е втор со 12, а пак Зенит кој вечерва го доби баскискиот состав со 3-1 е прв со вкупно 16 бодови.


Facebook Коментари