Англија
Историска операција: Играч платен 100 илјади евра ќе заврши кај Гвардиола за 500 пати повеќе
Манчестер Сити го договори ангажманот на талентираниот узбекистански фудбалер, Абдукодир Хусанов, а неговата приказна стана посебно интересна за јавноста бидејќи пред само 18 месеци играше за анонимниот клуб Енергетик.
Талентираниот дефанзивец изминатава година ипол се прослави со настапите во Ленс и го сврте вниманието на себе со ивзонредните изданија во Лига 1, па сега во ситуација кога е пред трансфер во англискиот шампион, медиумите се навраќаат и на трансферот од 2023-та година.
Ленс платил само 100 илјади евра на Енергетик за тогаш малку познатиот централен дефанзивец, но само 18 месеци подоцна, неговата цена порасна за речиси 500 пати.
Манчестер Сити ќе плати фиксни 40 милиони евра на Ленс за трансферот на Узбекистанецот, но истиот може да достигне и 50 доколку се остварат одредени бонуси.
Сето ова прави Ленс да има неверојатен профит од фудбалерот кој има само 20 години, па дефинитивно мора да се пофали работата на скаут-тимот на францускиот клуб кој е најзаслужен за историската заработка во клупската каса.
-
Свет14 часа
(Не)очекувана одлука: Нејмар го избрал клубот во кој ќе ја продолжи кариерата
-
Репрезентација15 часа
Капитенот игра во страшна форма: Кузмановски го изедначи рекордот на Лазаров
-
Шпанија10 часа
Голем предизвик за Димитриевски и Валенсија во четвртфиналето во Купот на Шпанија
-
Англија12 часа
Гвардиола: Ако Ибрахимовиќ тоа го кажал…
-
Светски првенства5 часа
Австрискиот селектор Пајовиќ пред дуелот со Македонија: Имам добро чувство
-
Шпанија17 часа
Карло со ироничен „поздрав“ до шпанската јавност: Има денови кога играме многу лош фудбал, но Реал и натаму…..
-
Шпанија17 часа
Анчелоти за Мбапе: Сега е најдобар напаѓач на светот
-
Англија13 часа
Фернандеш директен: Не сум тука за да губам натпревари и да бидам…