Поврзете се со нас

Свет

Историска одлука: Големото дерби во Белгија ќе се преигра поради погрешна ВАР одлука! (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/KRCGenkofficial

ВАР донесе многу контроверзи во шпанскиот фудбал во изминатите неколку дена, но примената на видео технологијата предизвикува доста реакции на сите страни ширум светот, па сега се донесе и една историска одлука во белгиското фудбалско првенство.

Дербито меѓу Андерлехт и Генк се одигра на на крајот на месец декември и им припадна на домаќините со резултат 2:1, но трите бода сега ќе бидат поништени откако спортскиот суд во Белгија одлучи дека гостите со право се бунеле за преигрување на натпреварот.

Имено, Андерлехт го доби ова дерби со постигнат гол во 91-та минута, но ако во таа ситуација немало ништо спорно, пеналот од првиот дел била ситуацијата која ги прогонувала гостите и еден месец подоцна.

Генк поведе на тој меч со голот на Сор по нереализираниот пенал на Хејнен, меѓутоа овој погодок беше поништен со заклучок дека стрелецот на голот прерано влегол во шеснаесетникот.

Гостите во своето барање за преигрување на мечот испратиле низа докази кои укажуваат дека двајца играчи на Андерлехт влегле пред Сор во шеснаесетникот, па откако ова било потврдено, спортскиот суд во Белгија процени дека дербито треба да биде преиграно, со образложение дека домаќините се стекнале со голема предност, а поништениот гол можел да го однесе мечот во сосема друг правец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни