НБА
Историска ноќ за Кевин: Дурент влезе во посебно друштво во НБА лигата (Видео)

Феникс е далеку од посакуваниот ритам и рано утрово го претрпе петтиот пораз на последните шест натпревари, но и во такви непосакувани услови, има еден играч кој речиси секогаш е на висина на задачата.
„Сонцата“ загубија на домашен терен од Мемфис со 112:119, но овој натпревар ќе остане во сеќавање поради историскиот учинок на Кевин Дурент, кој отсега е во избрано друштво во НБА лигата.
Дурент запиша 34 поени против Мемфис и беше убедливо најдобар играч на паркетот, а тоа му овозможи да надмине една историска граница која сега со седнува на специјална маса во најсилната кошаркарска лига во светот.
Ѕвездата на Феникс стана само осмиот играч во историјата која постигнал повеќе од 30 илјади поени во НБА лигата, па така од денеска неговото име е на вечната листа на која се Леброн Џејмс, Карим-Абдул Џабар, Карл Мелоун, Коби Брајант, Мајкл Џордан, Дирк Новицки и Вилт Чембрлен.
Дурент до овој историски потфат стигна како играч на Феникс, но претходно во кариерата постигна огромен број поени и како член на Бруклин, Голден Стејт и Оклахома.
A WHOLE LOTTA BUCKETS FOR KD 🪣
Kevin Durant becomes the eighth member of the NBA's 30,000 career points club 👏 pic.twitter.com/LZWdl5IGsi
— ESPN (@espn) February 12, 2025
KEVIN DURANT: 30K CAREER POINTS.@KDTrey5 becomes just the eighth player in @NBA history to record 30,000 career points! pic.twitter.com/8AWaN1gBO6
— Phoenix Suns (@Suns) February 12, 2025
-
Балкан19 часа
Панчев воспоставил конекции за остварување на голема цел: Хуманитарни натпревари меѓу Вардар-Звезда и Македонија-Србија
-
Италија22 часа
Наместо отказ, Јувентус побарал две работи од Мота до крајот на сезоната
-
Свет22 часа
Невидена глупост во Бугарија: Минута молк за фудбалер кој испадна дека е жив! (Видео)
-
Репрезентација21 час
Трогателна сцена од тренингот на Македонија: Обединети во тагата (Фото)
-
Свет20 часа
Хамес се смета за подобар од четири фудбалски легенди, вклучувајќи ги и Зидан и Модриќ: Во моите најдобри денови……
-
Шпанија18 часа
Непоразениот играч во тимот на Барселона: Набрзо ќе донесам одлука за мојата иднина
-
Балкан16 часа
Официјално: Вардар и Црвена Звезда ќе одиграат хуманитарен меч за трагедијата во Кочани! (Фото)
-
АТП19 часа
Ѓоковиќ доби тешка ждрепка и на Мастерсот во Мајами (Фото)