Поврзете се со нас

Билијард и Снукер

Историска драма во „Крусибл“: Максимален број фрејмови во двете полуфиналиња, О’Саливен го „преживеа“ Селби

Објавено

на

blank

Рони О’Саливен и Кајрин Вилсон се финалисти на Светското првенство во снукер, кое денеска донесе неверојатна драма во последните сесии на двете полуфинални серии.

Ентони МекГил го почна подобо дуелот со Вилсон и водеше со 8:5, но во продолжение неговиот англиски ривал не само што се врати во игра, туку стигна до убедливи 14:11.

МекГил одговори со серија од три фрејма за израмнување, Вилсон дури имаше негатива 15:16, но успеа да се избори за решавачки фрејм. Истиот траеше неверојатни 62 минути, по што Вилсон успеа да го победи МекГил со 17:16 и се избори за своето прво финале во „Крусибл“.

Марк Селби од друга страна најчесто имаше водство против Рони О’Саливен, иако вториот водеше со 5:3 по првата сесија. Но, во продолжение Селби диктираше темпо и втората и третата сесија завршија во негова корист со 9:7, односно 13:11.

Потоа, Селби имаше предност и од 15:13 и 16:14, но „ракетата“ успеа да освои три фрејма по ред и на тој начин се избори за ново финале и можност да освои уште една светска титула.

Рони последен пат играше во финалето во 2014 година и тогаш загуби токму од Селби, а викендов ќе се бори за својат шеста титула на најпрестижниот турнир.

Финалето ќе се игра во максимални 35 фрејмови, а новитет ќе биде публиката откако со владината одлука за олеснување на забраните поради коронавирусот, во „Крусибл“ ќе биде дозволено присуство на ограничен број снукер фанови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни