Поврзете се со нас

Македонија

Историја во женската кошарка: Девојките од Баскет КАМ ги преслушаа „баделки“ и го освоија трофејот „Буштур“

Објавено

на

Кошаркарките на Бадел имаа за цел да го вратат Куп трофејот во своите витрини по тригодишната доминација на Вардар, но наместо тоа, денеска „баделки“ доживеаја вистинска кошаркарска лекција во денот за историја во македонската женска кошарка.

Баскет КАМ направи огромен подвиг и добрите резултати од домашното првенство ги преточи и во Куп натпреварувањето, па така попладнево испиша историја во СРЦ „Кале“ каде во финалето го преслуша Бадел со 81:64 и го „грабна“ трофејот кој го носи името по легендарниот Благоја Георгиевски Буштур.

Тимот од Македонска Каменица испиша историја и дојде до својата прва титула од оформувањето, успех кој беше најавен со агресивната и доминатна игра уште од првата четвртина.

По водството од 27:17 по првите 10 минути, на полувреме беше 50:28, а пред стартот на последниот период, позитивата изнесуваше „плус 30“ и стана јасно дека кошаркарките на тимот од Македонска Каменица се на добар пат да испишат историја.

До крајот, „баделки“ само го ублажија тешкиот пораз, но тоа не спречи огромен успех за Баскет КАМ, тим во кој доминираа Гобељиќ со 25 и репрезентативката Митрашиновиќ со 22 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни