Поврзете се со нас

Свет

Историја во Кинг Купот: Трајковски и соиграчите обезбедија прв трофеј за Ал Фејха

Објавено

на

Foto:twitter.com/Alfaihaclub

Ал Фејха испиша нови страници во својата клупска историја, откако успеа да оствари победа во големото финале на Кинг Купот во Саудиска Арабија.

За првпат од постоењето, Ал Фејха стигна до една Куп титула во домашната земја и тоа го направи во идеално сценарио, славејќи над фаворитот во пенал рулетот.

Александар Трајковски беше стартер во финалето против Ал Хилал и беше дел од возбудувањата до 105-та минута, кога беше повлечен од игра.

Регуларниот дел од мечот донесе по еден гол на двете страни (1:1), но победникот се решаваше во пенал рулетот во кој аутсајдерот се покажа како подобар.

Играчите на Ал Хилал не реализираа дури три пенали, па Ал Фејха доби огромна шанса за трофеј и со 3:1 во рулетот го однесе трофејот во Голд Купот. Ова е прва титула за клубот во ова натпреварување, но и прв трофеј за Трајковски откако се пресели во Саудиска Арабија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни