Поврзете се со нас

Италија

Историја во Италија: Судијата Орсато утре ќе урне една голема фудбалска бариера во Серија А

Објавено

на

Италијанските медиуми најавуваат историски момент со кои ќе бидат урнати некои бариери во фудбалот на Апенините, а дел од истиот ќе биде искусниот арбитар Даниеле Орсато.

Орсато ја делеше правдата на денешниот натпревар меѓу Специја и Парма кој заврши 2:2, но угледните новинари од Италија сега најавуваат дека тој ќе стане првиот судија кој ќе даде една изјава за позната телевизија и ќе одработи интервју во текот на актуелното коло во домашното првенство.

Главните судии имаат забрана за давање изјави по натпреварите и непосредно по завршувањето на одиграното коло, но новиот претседателот на италијанската судиска асоцијација сега даде специјална дозвола за менување на оваа традиција и отворање на нови поглавја.

Орсато утре ќе биде гостин во телевизијата РАИ и ќе биде дел од шоуот „Новантесимо Минуто“, со што ќе стана првиот судија кои дава телевизиска изјава и одработува интервју за новинарите во италијанскиот фудбал за време на натпреварувачки викенд.

Инаку, Орсато веќе 10 години е дел од италијанскиот фудбал и има ФИФА дозвола за делење правда од 2010-та година, a најголемо достигнување во кариерата секако му е судењето на големото финале во Лигата на шампионите од минатата година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни