Поврзете се со нас

Атлетика

Историја во Белград: Дуплантис полета и постави нов светски рекорд (Видео)

Објавено

на

Арманд Дуплантис ги надмина сите рекорди на легендарниот Сергеј Бубка и се истакна како атлетичар кој ќе постави нови стандарди, а тоа го направи и вчеравечер во Србија.

Швеѓанецот се погрижи за нова историја во Белград и постави нов рекорд во дисциплината скок со стап, подобрувајќи го оној својот личен и досегашен светски рекорд од 2 метри и 18 сантиметри, висина која ја достигна во февруари 2020-та година.

Дуплантис си постави повисока граница за еден сантиметар и успешно скокна 2 метри и 19 сантиметри, со што испиша нова страница во историјата на атлетиката.

– Долго се обидував да прескокнам 2.19 и пресреќен сум што успеав во тоа. Обично не ги вежбам највисоките скокови, но само една работа ми беше во глава откако дојдов тука. Сакав да поставам нов рекорд во Белград и тоа го направив. Ја поместив границата, – изјави 22-годишниот Дуплантис кој е актуелен олимписки шампион.

– Имам чувство дека можам многу повеќе и дека можам да скокнам и повисоко. Ова е само почеток, чувствувам дека можам да ја поместам границата и повисоко, а прва пречка ќе биде 6.20, – додава Дуплантис.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни