Поврзете се со нас

Свет

Историја: Родри со патерици стигна на бината и ја подигна „Златната топка“!

Објавено

на

Foto:x.com/ManCity

Родри пред еден месец ја претрпе најтешката повреда во својата кариера, но денеска доживеа една од најубавите ноќи во својот живот, бидејќи беше избран за најдобар светски фудбалер.

Иако не важеше за фаворит во битката со тројца играчи на Реал Мадрид (Винисиус, Карвахал и Белингам), ситуацијата драстично се промени започнувајќи од ова попладне, па вечерва во театарот „Шатле“ само се официјализираше тоа што се шушкаше во последните неколку часа.

Откако цела експедиција на Реал Мадрид го откажа своето присуство на гала-вечерта во Париз, стана јасно дека европскиот шампион со Шпанија е главен фаворит за најпрестижното признание, а истото му го врачи Џорџ Веа.

Родри со патерици се искачи на бината во Париз и со многу емоции ја подигна „Златната топка“, што е само второ вакво признание за еден Шпанец во историјата.

До денеска, легендарниот Луис Суарез Мирамоментес беше единствениот Шпанец со ваква награда (1960-та година), но од вечерва во друштво на легендата е и фантастичниот Родри.

Шпански победник видовме и во женска конкуренција, бидејќи Аитана Бонмати ја одбрани „Златната топка“ која ја освои и минатата година.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни