Лига на шампиони
Историја: Родри постигна клучен гол во Истанбул, Сити ја освои титулата во ЛШ (Видео)

Манчестер Сити за првпат во својата историја ја освои титулата во Лигата на шампионите, после неколку неуспешни обиди да дојде до трофејот кој толку многу го посакуваше.
Пеп Гвардиола конечно ги одведе своите играчи до врвот на Европа, но тоа го направи на навистина многу потежок начин од сите најави на букмејкерите за големото финале.
Интер се покажа како многу добар и зрел противник и на моменти беше и подобар ривал, а на крајот од финалето немаше и доволно среќа да се избори за продолженија.
Клучниот момент во финалето се случи во 68-та минута кога Родри налета на одбиената топка и ја смести во голот на Онана, по што во завршните 20 минути гледавме навистина возбудлив фудбал.
Дотогаш, двата тима тактизираа и на 0:0 најголемата шанса е ја искористи Лаутаро Мартинез, додека при резултат 1:0, Ромелу Лукаку го промаши невозможното и од 2 метра го погоди Едерсон во 88-та минута. Претходно, огромна шанса имаше и Димарко кој го погоди дирекот, додека Фоуден не ја искористи најдобрата прилика за 2:0.
На крајот, Интер имаше голема шанса и со последниот корнер во 96-та минута, но Едерсон повторно беше на висина на задачата и го одбрани минималното водство на Сити за прва европска титула на „граѓаните“ во историјата.
Со оваа победа, Сити направи историја и ја освои триплетата со титули во ЛШ, ФА Купот и Премиер лигата, нешто што последно во Англија му успеа на Сер Алекс Фергусон.
-
Светпред 22 часа
Се уште чека на првиот гол: Нејмар повторно не реализираше пенал за Ал Хилал (ВИДЕО)
-
Италијапред 24 часа
Пиоли: Јувентус е фаворит за Скудетото
-
Шпанијапред 22 часа
Рамос ја матираше Севилја, Барселона продолжува да победува на „Монжуик“ (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 12 часа
Чави со џентлменска изјава откако Рамос си постигна автогол за победа на Барса
-
Англијапред 12 часа
Рашфорд откри дека е посебно возбуден од едно летно засилување во Јунајтед
-
Германијапред 22 часа
Дортмунд со супер гол ја круниса победата против Хофенхајм (ВИДЕО)
-
Англијапред 21 час
Покетино загрижен поради повредата на англискиот репрезентативец: Не изгледа добро…
-
АТПпред 23 часа
Медведев: Логиката диктира, Алкарас ќе биде број еден до крајот на годинава