Поврзете се со нас

Формула 1

Историја: Хамилтон се изедначи со Шумахер, доби специјален подарок од неговиот син Мик

Објавено

на

Лидерот во генералниот пласман и актуелен Ф1 шампион, Луис Хамилтон победнички ја заврши трката за Големата Награда на Ајфел кој се возеше на патеката Нурбургринг во Германија.

Членот на Мерцедес кој денеска стартуваше од втората позиција го презема водството во 13 круг од клупскиот колега Ботас и потоа во свој стил, ритам ја заврши задачата докрај и со тоа дојде до 91 победа во Формула 1 со што се израмни со легендарниот Михаел Шумахер.

За овој триумф, рекорд, Британецот по крајот на трката доби специјален подобар од синот на Шумахер, талентираниот Мик.

Инаку оваа трка не ја завршија пет возачи, а кога е во прашање самиот врв, поточно подиумот на него освен Хамилтон се најде Макс Ферстапен од Ред Бул и Даниел Рикардо од Рено.
Бодови уште освоија Саинц, Гасли, Леклер, Хулкенберг, Грожан и Џовинаци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни