Поврзете се со нас

Свет

Историја: Алисон доби два црвени картони, но остана на голот до крајот на мечот! (Видео)

Објавено

на

Кунг-фу стартот на голманот на Еквадор можеше да заврши доста лошо и вистинска среќа е што Куња од Бразил мина без посериозна повреда, но ова не беше единствениот инцидент во кој еден голман се најде во центарот на вниманието.

Натпреварот во Кито меѓу Еквадор и Бразил беше навистина хаотичен и понуди доста тензични моменти на теренот, па покрај двата постигнати гола за 1:1 и исклучувањата кои ги добија Домингез и Емерсон во првите 20 минути, необични беа и ситуациите со Алисон Бекер.

Голманот на Ливерпул испиша ВАР историја и стана првиот играч кој двапати бил исклучен на еден натпревар, но потоа беше помилуван од страна на одговорните луѓе во ВАР и судијата на теренот.

Алисон најпрво беше „исклучен“ во првото полувреме поради едно расчистување, но по прегледот на снимката, судијата ја повлече одлуката и му покажа жолт наместо црвен.

Во самата завршница од мечот, судијата покажа на белата точка и по вторпат му додели црвен картон на Алисон, но и во оваа ситуација се покажа дека е чист, па го преживеа и второто исклучување.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни