АТП
Истомин: Судете ме и мене, стојам зад изјавата на Ѓоковиќ

Денис Истомин честопати во својата кариера знаел да направи големи изненадувања, а дефинитивно најголемо беше кога го шокираше Новак Ѓоковиќ на Австралија Опен пред три години.
Тенисерот од Узбекистан има блесоци кои прават да ужива голема почит од колегите, но сепак неконстантноста влијае негативно врз неговиот ранг на АТП листата, па во овој момент е на 156-то место во светот.
Истомин влегува во групата на тенисери на кои АТП и Новак Ѓоковиќ сакаат финансиски да им помогнат во овие тешки времиња, иницијатива која ја поздравува Узбекистанецот.
– Тоа е навистина убава идеја. Ова е многу тешко време за сите во тенисот, поготово за оние со лош ранкинг кои немаат шанса да играат често грен слем турнири и АТП турнири. Верувајте дека има многу кои размислуваат да се откажат од се вложено, – открива Истомин кој го поддржува Ѓоковиќ и во намерата да нема задолжителна вакцина за КОВИД 19.
– Осудете ме и мене. Стојам зад Ѓоковиќ, се согласувам со него. Вакцинацијата не смее да биде задолжителна. Секој човек треба да биде во ситуација да бира дали сака, или не сака вакцина, – нагласи Истомин.

- Шпанијапред 23 часа
Зидан со „крпен“ состав во градското дерби: Има на располагање само 13 играчи за 10 позиции на теренот (Фото)
- Шпанијапред 20 часа
Меси постигна антологиски гол во шоуто на Барселона во големото финале (Видео)
- Шпанијапред 21 час
Зидан за неговиот најголем квалитет: Не сум најдобар тренер, но не сум ниту катастрофално лош
- Германијапред 22 часа
Нојер и Милер со први реакции по одлуката за заминување на Флик
- Англијапред 22 часа
Откако го нанижа и Пеп: Неверојатната статистика на Тухел против пет врвни тренери (Фото)
- АТПпред 18 часа
Прв пехар во оваа календарска година: Ѓорческа триумфираше во двојки во Калви
- Англијапред 20 часа
Гвардиола ги исплаши фановите на Сити со својата прва изјава за повредата на Де Брујне
- Шпанијапред 19 часа
Реал Мадрид покажа класа и прв испрати честитка до Барса, Пујол бара повеќе од тимот на Куман (Фото)