Истомин со неспортски потег: Го предаде натпреварот на само еден поен до крајот (Видео)

2017-Australian-Open-Day-4

Тенисерот од Узбекистан, Денис Истомин изведе еден неспортски потег кој ги налути љубителите на тенисот и спортот во целина.

  1. тенисер на АТП листата го предаде натпреварот против Беранкис на турнирот кој се игра во Москва.

Беранкис имаше водство од 1:0 по сетови, 5:4 по гемови и имаше три меч топки (40:0) и можност со само еден поен да го реши натпреварот. Сепак, тоа не го дозволи Истомин кој се предаде и не остави Беркинс да излезе како победник на средбата.

Интересно е што светските обложувалници сметаат квота 1 доколку некој од тенисерите предвреме го предаде мечот, па на социјалните мрежи веднаш се проширија коментари дека Истомин токму поради тоа го направил овој чекор.

Од Светската тениска организација ќе треба да го испитаат случајот и да откријат дали зад овој неспортски потег на Истомин стојат некои зделки поврзани со обложување.

Facebook Коментари