Поврзете се со нас

Балкан

Исто сценарио: Тимот на Ангеловски повторно загуби со гол во 90 минута (ВИДЕО)

Објавено

на

Поранешниот македонски селектор, Игор Ангеловски се мачи на клупата на Горица каде се уште нема забележано ниту една лигашка победа со тоа што вечерва дојде нов трагичен пораз и тоа на гостувањето во Пула кај Истра.

Во неколку наврати по неговото доаѓање составот на Горица губеше мечеви во судиското продолжение, така беше против Динамо Загреб, потоа против Хајдук за да вечерва тоа се повтори на дуелот со Истра кој беше решен во 91 минута со голот на Бакрар.

Избраниците на Мрме со вкупно 7 бода се на дното во првата лига на Хрватска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни