Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Истанбул ќе го загуби финалето на ЛШ, „Вембли“ веќе не е прв фаворит за замена

Објавено

на

Европската фудбалска федерација (УЕФА) и Англиската фудбалска асоцијација преговараат за префрлување на финалето на Лигата на шампионите од Истанбул во друг град, односно земја.

Англиските медиуми тврдат дека УЕФА веќе донела одлука да и ја одземе организацијата на Турција, а главна причина е фактот што британската влада ја стави оваа земја на црвената листа за патување, што подразбира препорака да не се патува освен за најитни случаи.

Двете екипи финалисти, Манчестер Сити и Челси се англиски, односно британски претставници, па според тоа, ако финалето остане во Истанбул нема да има можност за ограничен број фанови кои беа претходно предвидени.

Иако како прва солуција се споменуваше „Вембли“, сега главен фаворит е Лисабон каде се играше ланската невообичаена завршница, откако Португалија е на зелената листа, што значи дека по враќањето од неа нема задолжителен хотелски карантин од 10 дена.

Главен проблем на „Вембли“ е фактот што британската влада и УЕФА не можат да постигнат договор за организацијата, но тука е и закажаното финале на Чемпионшип плејофот токму за 29. мај.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни