Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Истанбул дефинитивно отпадна, одлучено каде ќе се игра финалето во Лигата на шампионите

Објавено

на

Втора година по ред Истанбул отпаѓа од игра и поради безбедносни причини поради пандемијата од Ковид-19  нема да може да го организира финалниот натпревар од Лигата на шампионите.

„Скај Спортс“  пренесе дека од УЕФА во текот на денешниот ден донесоа конечна одлука финалето од најелитното европско натпреварување да се игра на стадионот на Порто, „Драгао“.

Англичаните притискаа финалето да се одигра на некој од стадионите на Островот, со оглед на фактот што во финалниот натпревар се среќаваат две англиски екипи, но тоа нема да се случи и натпреварот кој ќе го одлучи победникот во Лигата на шампионите втора година ќе се одигра во Португалија.

Инаку, во моментов се водат интензивни преговори со португалските власти за да се обезбеди присуство на 20.000 навивачи на „Драгао“, стадион чиј капацитет е над 50.000 седишта.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни