Ист престап, различна казна: Покетино доби условна казна за да биде дел од финалето на ЛШ

mauricio-pochettino

Дисциплинската комисија на УЕФА денеска изрече голем број казни за клубовите кои учествуваа во актуелната сезона во Лигата на шампионите и Лига Европа.

Најинтересна беше казната за менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино, кој поради доцниот старт на второто полувреме доби суспензија на еден натпревар, но УЕФА му изрече условна казна, што значи дека суспензијата ќе се активира само ако го повтори овој „престап“ во рок од една година. УЕФА потенцираше во одлуката дека Покетино ќе може да го води својот тим во финалето против Ливерпул во Мадрид.

Она што е интересно што тренерот на Ајакс, Ерик тен Хаг е казнет за прекршување на истиот член од правилникот и доби само опомена, а Серџо Консеисао од Порто за истата одговорност за одолжување на почетокот на средбата е суспендиран еден натпревар.

Facebook Коментари