Поврзете се со нас

АТП

Исцрпениот Ѓоковиќ се тресеше од замор, пораката од неговиот син стана хит во Србија (Видео)

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ реши да не се прердава и да го даде последниот атом од силите во дуелот со Данил Медведев, што на крајот резултираше со негов кам-бек и трета победа во групната фаза на завршниот Мастерс турнир.

Иако Србинот веќе го имаше потврдено своето учество во полуфиналето, тој реши да не калкулира и да одигра тричасовен маратон со Данил Медведев, во кој посебно беше исрцпен по крајот на вториот сет.

Ноле навистина имаше криза на физички план и почна да се тресе по загубениот тајбрејк, но покрај коментарот кој го даде за бруталното видео кое стана вирално, во Србија посебно интересна стана пораката која му ја испраќа неговиот син.

Малиот Стефан може да се слушне како го мотивира својот татко на крајот од видеото, кога јасно му се обраќа со зборовите „ајде тато“.

И покрај тоа што изгледаше истоштено, Ноле пронајде сили да се врати на теренот и после многу борба да слави во третиот сет кој исто така имаше тајбрејк завршница.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни