Англија
Исправена неправда: Јунајтед ја доби жалбата за Бруно (Фото)
Манчестер Јунајтед имаше хорор издание против Тотенхем и загуби со 0:3, но уште полошо за Ерик Тен Хаг беше тоа што остана без својот капитен.
Бруно Фернандеш заработи директен црвен картон пред крајот на првиот дел поради старт на Џејмс Мадисон, па иако повторената снимка покажа дека прекршокот не е толку сериозен, главниот судија не ја менуваше одлуката.
Јунајтед имаше уште потешка задача да се надигрува со играч помалку, но ако е некаква утеха за „ѓаволите“, денеска дисциплинците признаа дека главниот судија Крис Каван и луѓето во ВАР собата направиле грешка.
Во прв момент, Бруно не требаше да биде достапен на следните три меча во Премиер лигата, но по повлечениот црвен картон од страна на Премиер лигата, Португалецот ќе биде во комбинација за настап уште против Астон Вила.
– Бруно Фернандеш ќе биде достапен за Манчестер Јунајтед за следните три меча во Премиер лигата, откако е прифатена неговата жалба за погрешно исклучување.
– Играчот за врска беше исклучен поради сериозен прекршок на премиерлигашкиот натпревар против Тотенхем во неделата на 29-ти септември, – гласи објавата на Фудбалската асоцијација на Англија.
A decision has been made on @B_Fernandes8's ban, following an appeal.#MUFC || #PL
— Manchester United (@ManUtd) October 1, 2024
-
Евролига11 часа
Тринкиери: Везенков треба само да го погледне судијата и добива две слободни фрлања
-
Шпанија24 часа
Мерино за талентираниот Јамал: Ова е фудбал, има…
-
Италија12 часа
Пато открива тепачка од тренинг центарот: Најмирниот играч на Милан го преврте Ибра како мало дете
-
Италија23 часа
Леонардо посочи кои два клуба се во најдобра позиција за титулата во Серија А
-
Евролига22 часа
Шортс ја доби битката со Димитријевиќ, ама Олимпија Милано ја однесе победата (ВИДЕО)
-
Лига на нации13 часа
Каде е топката: Црногорецот Бакиќ падна на земја по дриблингот на Арда (Видео)
-
Англија10 часа
Кукурелја: Англиските судии ме казнуваат за она што се случи на ЕП
-
Англија13 часа
Англичаните „ловат“ германски стратег за селекторската позиција