Поврзете се со нас

Свет

Исповед на синот на Сарачевиќ: На интернет дознав дека татко ми починал

Објавено

на

Минатиот викенд ракометниот свет остана без Златко Сарачевиќ, една од најголемите легенди на овие простори кој доживеа срцев удар по дуелот меѓу Подравка и Локомотива.

Се уште многумина не можат да поверуваат дека големиот борец Сарачевиќ повеќе не е на овој свет, а меѓу нив е неговиот син 15-годишниот Ноел кој собра сили и проговори за трагедијата во семејството.

-Добив неколку пораки со сочувство, а воопшто не знаев што се случува. Со оглед на тоа што голем дел од пораките ми доаѓаа од Хрватска, влегов на интернет за да проверам. Тогаш дознав дека татко ми починал од срцев удар. Деталите беа шокантни, ова дојде така неочекувано, не можам да верувам дека го нема, вели Ноел кој е син од првиот брак на Сарачевиќ во Унгарија.

-Татко ми живееше во Хрватска, јас во Унгарија. Пред пандемијата, секој одмор го поминав со него. Кога започна карантините, епидемиолошките мерки не се гледавме некое време, но разговаравме на телефон на секои два до три дена, -додаде Ноел за „Блик“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни