Исполнето ветување: Дресот на Драгич веднаш до Дражен Петровиќ (Фото)

drazen-petrovik

Бисерка Петровиќ, мајката на прерано починатиот кошаркарски Моцарт, Дражен Петровиќ во едно гостување даде збор за поклонетиот репрезентативен дрес од Горан Драгич дека ќе се најде во Музејот на Дражен Петровиќ во Загреб. Дресот веќе е поставен на место кое е веднаш до легендарниот Дражен Петровиќ и ја симболизира големината и влијанието на Дражен Петровиќ на останатите кошаркари од поранешните ју-простори.

Dragic Drazen

Горан Драгич беше прогласен за најдобар играч на Европското првенство 2017 кога Словенија во финалето ја порази репрезентацијата на Србија. Покрај тоа, Драгич е еден од носителите на игра во дресот на Мајами Хит во НБА лигата.

 

 

Facebook Коментари