Поврзете се со нас

Шпанија

Исполнета желбата на мадридските клубови: Реал и Атлетико нема да играат претстојниот викенд во Примера

Објавено

на

Реал и Атлетико Мадрид нема да ги одиграат своите натпревари од редовното деветто коло во шпанската Примера претстојниов викенд, откако спортскиот Суд во Шпанија реши да ги прифати барањата на двата мадридски великани.

По препорака од Ла Лига, Судот го прифати барањето за одложување на средбите Реал Мадрид – Атлетик Билбао и Гранада – Атлетико Мадрид, сето тоа како последица на згуснатиот репрезентативен распоред кој особено прави проблеми за играчите од Јужна Америка.

Поради огромен број на фудбалери од Јужна Америка во редовите на Реал и Атлетико, натпреварите од редовното коло ќе се одиграат во друг термин, нешто што веќе беше направено за два натпревари и во месец септември.

Иако шпанската фудбалска Федерација е против одложување на натпреварите поради задоцнето пристигнување на фудбалери од овој континент, Судот процени дека комплетно резонски се барањата на двата клуба од шпанската престолнина, кои сега дополнително ќе добијат нови термини за одигрување на пресметките со Билбао и Гранада.

Во месец септември, поради иста причина, одложени беа натпреварите Севилја – Барселона и Вилјареал – Алавес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни