Поврзете се со нас

Репрезентација

Исполнет првиот услов: Австрија ни направи услуга, Македонија останува во игра за четвртфинале

Објавено

на

Македонија мора да направи чудо против Франција и да победи за да се пласира во четвртфиналето на Светското првенство, но претходно мора да се исполнат уште два услови за да дојде до незаборавно сценарио.

Нашиот најсилен ракометен тим игра против „триколорите“ во терминот од 20:30 часот, но ова попладне доби добра вест од првиот натпревар кој се одигра во групата.

Австрија и Холандија одиграа меч како нарачан за македонската репрезентација, бидејќи поделбата на бодовите значи дека е исполнет првиот од трите услови за пласман меѓу најдобрите осум селекции.

Австријците успеаја да ги неутрализираат „лалињата“ и ремито од 37:37 значи дека сега со големо внимание ќе го следиме мечот меѓу Катар и Унгарија, на кој ќе чекаме голема услуга од избраниците на Веселин Вујовиќ.

Доколку Катарците успеат да направат огромно изненадување, Македонија ќе зависи сама од себе во дуелот во Франција, на кој ќе чекаме трето и последно чудо во овој возбудлив натпреварувачки ден на мундијалот.

 

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни