Поврзете се со нас

Лига Европа

Испиша нова страница од историјата: Адеми постави рекорд во Динамо

Објавено

на

Динамо Загреб со вчерашната победа во Холандија над Феенорд го обезбеди првото место во групата К во Лига Европа, а со тоа секако и пласманот во нокаут фазата на ова натпреваруавње.

Нашиот Аријан Адеми ги одигра сите 90 минути за хрватскиот шампион и со тоа испиша нова страница во клупската историја. Имено ова за големиот борец беше 77 европски меч во дресот на Динамо со што постави нов клупски рекорд за најнови одиграни мечеви во натпреварувањата под капа на УЕФА.

Адеми го надмина Самир кој своевремено за составот од Загреб запиша 76 натпревари во Европа. Првата средба играчот за врска ја одигра на 4 август 2010 година против Шериф Тираспол, поточно досега севкупно на 77 средби има дадено 9 голови и со клубот остварено 37 победи, 16 нерешени и 24 порази.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни