Поврзете се со нас

НБА

Испиша нова страница: Дончиќ постави нов рекорд во НБА лигата (ВИДЕО)

Објавено

на

blank

Тимот на Далас Маверикс не успеа да слави над Хјустон Рокетс во тексашкото дерби кое се одигра во Орландо, Флорида.

„Ракетите“ по дополнителните минути славеа со 153-149 и на тој начин дојдоа до петтата позиција во западната конференција. Меѓутоа ако е за утеха на Далас, нивниот најдобар играч Лука Дончиќ испиша нова страница, поточно постави уште еден рекорд во НБА лигата.

Тој имаше учинок од 28 поени, 13 скокови и 10 асистенции што беше негов 15 трипл-дабл со што стана првиот играч кој успеал да дојде до ваков учинок во една кампања пред да наполни 22 години.

Претходно во сезоната Лука го собори рекордот на Далас Маверикс по брајот на трипл-дабл учиноци.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни