Испиша историја на Зимските олимписки игри, а за малку ќе го преспиеше својот настап

2018 PyeongChang red gerard slope style gold

Ред Џерард Американецот кој успеа да испише историја со освоениот златен олимписки медал во сноуборд (слободен стил), испиша и една неславна историја која за малку можеше и да му го украде медалот.

Тој до доцна вечерта гледал филмски серии и заспал, а часовникот му бил наместен да го разбуди рано наутро, но сепак не успеал да го слушне.

За среќа тука биле неговите колеги од репрезентацијата и неговиот цимер, кои го разбудиле зошто знаеле дека тој ден има настап.

Џерард станал најбрзо што може, се спремил, земал сендвич за да го изеде по пат, а на пола пат му текнало дека ја заборавил јакната.

Се снашол и тука, ја позајмил од неговиот цимер и се друго е историја. Тој победи во сноуборд (слободен стил) и стана најмладиот американски спортист кој победил на една Олимпијада во историјата.

Но, сепак ова поглавје мораше веднаш да биде прославено, а неговите најдобри другари специјално кои беа дојдени да го бодрат, го пречекаа на стазата и прославија со него.

Facebook Коментари