Поврзете се со нас

АТП

Испиша историја: Алкарас го доби трилерот со Синер и обезбеди финале на Ролан Гарос (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/rolandgarros

Шпанскиот тениски рекет, Карлос Алкарас излезе како победник од драматичната битка со Јаник Синер во првото полуфинале на Ролан Гарос.

Карлос и Јаник се надмудруваа повеќе од четири часа во Париз, двајцата имаа свои добри и лоши моменти, подеми и падови, па се се решаваше во петтиот сет во кој пресуден беше брејкот на Шпанецот во вториот сет по што го чуваше својот сервис и обезбеди место во наредната фаза во која за ривал ќе го има подобриот од Каспер Руд и Александер Зверев.

Средбата траеше 4 часа и 12 минута, а на крајот резултатот беше 2-6, 6-3, 3-6, 6-4, 6-3.

Со овој триумф Алкарас поведе во меѓусебните дуели со Италијанецот (5-4), а во исто време испиша и историја затоа што стана најмладиот играч со обезбедено финале на трите подлоги.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни