Исланѓаните на оригинален начин им се заблагодарија на Русите (Видео)

island

Исланѓаните слично како и на Европското првенство во Франција, и сега на Мундијалот во Русија ги освојуваат срцата на љубителите на фудбалот.

И репрезентативците, но и нивните фанови негуваат позитивна слика кон себе која го привлече вниманието на целокупната фудбалска јавност.

Малата земја живее нова бајка на Светското првенство, а на првиот натпревар против фаворизираната Аргентина успеа да одигра 1:1.

Фановите на оваа островска земја се познати по своето навивање, а сега со едно одлично видео им се заблагодарија на Русите за нивното гостопримство. Исланѓаните во видеото ја пеат најпознатата руска песна „Калинка“. Погледнете како преубавата песна испеана од грлата на исландските фанови.

Facebook Коментари