Исланѓанец има посебно барање до Меси: Мора да донесе 23 дресови, сите ќе сакаат…

Diego Johannesson

Во 2018 година се игра Светското првенство во Русија, а во една од групите силите ќе ги одмерат Аргентина, Хрватска, Нигерија и Исланд.

Иако до овој настан има уште време (14 јуни до 15 јули) еден исландски фудбалер му испрати порака на Лионел Меси и го подготви за тоа што го очекува наредната година. Членот на шпански Овиедо, Диего Јоханесон му посочи на Лео да има 23 дресови кога ќе игра со Исланд, зошто целиот состав ќе сака да го размени дресот со него.

-Малку е страшно да му се спротиставите на Меси со оглед на тоа дека тој е најдобар во светот. Нормално сите наши играчи ќе го сакаат дресот на Меси и јас не сум исклучок.  Тој нормално ќе му го даде на онош што прв ќе му го побара, па можам да му кажам на Меси да подготви 23 дресови за сите во тимот, за оние што ќе играат и оние кои нема да добијат шанса, -истакнал Јоханесон за радио станицата „Супер Депортиво“.

Facebook Коментари