Исланд со лекција за Шведска, стартна победа и за Белорусија

island-svedska

Ракометната репрезентација на Исланд ја совлада Шведска со 26:24 и најдобар можен начин го започна настапот на Европското првенство во Хрватска.

Исланѓаните имаа фуриозен старт и го решија победникот уште на полувреме кога водеа со 15:8, па Шведска не можеше да ја неутрализира оваа предност иако одигра многу подобро во вториот дел. Овој натпревар го судеше македонската двојка Начевски-Николов, а најдобри реализатори кај победникот беа Гудмундсон со 7, односно Сигурдсон, Гунарсон и Карасон со по 5 голови. Готфридсон беше најдобар стрелец кај Шведска со 6 погодоци.

Истовремено, во Пореч, Белорусија ја победи Австрија минимално со 27:26, а на оваа средба Белорусите постојано имаа барем минимална предност која не ја испуштија до крајот за прва и многу важна победа на европскиот шампионат.
Кулеш со 7 и Пухоски со 5 погодоци се најзаслужни за победата, а кај Австрија најдобар реализатор беше Билик со 8 погодоци.

Facebook Коментари