Поврзете се со нас

Европски првенства

Исланд ја заврши својата работа против Црна Гора, ќе го чека епилогот на големото дерби

Објавено

на

Исланд доминираше на дуелот со Црна Гора (34:24) и заслужено стигна до убедлива победа, со што останува во игра за место кое води во полуфиналето на Европското првенство.

Големиот број проблеми за исландскиот состав предизвикани од ковид-19 не беа доволни за евентуално изненадување од црногорскиот состав, па „рибарите“ сега ќе го очекуваат епилогот од дербито меѓу Данска и Франција.

Магнусон со 11 и Елисон со 8 голови беа најефикасни во победничката екипа, додека на спротивната страна Милош Вујовиќ стигна до 11 погодоци и беше најдобар поединец во црногорската репрезентација.

Исланд има три победи во втората фаза, но за пласман во полуфиналето му е потребна победа на Данска над Франција.

Дербито се игра вечерва од 20:30 часот, додека од 18 часот Хрватска ќе и се спротивстави на Холандија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни