Поврзете се со нас

Европски првенства

Исланд ја елиминираше Унгарија и ја замолкна 20-илјадната публика во Будимпешта (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/EHFEURO

Унгарија како еден од двата домаќини на Европското ракометно првенство го завршува своето учество уште во воведната рунда, бидејќи оваа вечер домашната селекција беше шокирана во Будимпешта.

Иако атмосферата беше наелектризирана од 20-илјадната публика во салата, притисокот на крајот се префрли врз домашните ракометари, кои овојпат не знаеја да победат во драматична завршница како што го направија тоа пред неколку дена против Португалија.

Денеска за еден гол разлика подобра беше селекцијата на Исланд, која со триумфот од 31:30 ги разочара домашните ракометари кои важеа за фаворити, а истовремено ги замолкна фановите кои беа во огромен број и надминаа бројка од 20 илјади.

Елисон со девет погодоци беше лидер во нападот на Исланд, Магнусон имаше осум реализации, додека Гудјонсен го заврши мечот со пет погодоци зад своето име.

Исланд како првопласиран ќе патува во следната фаза од групата Б, но уште пред одигрувањето на натпреварот меѓу Португалија и Холандија стана јасно дека Унгарија нема никакви шанси за наредната рунда.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни