Поврзете се со нас

Англија

Искуство пред младост, Клоп најави кој ќе ја пополни празнината во одбраната на Ливерпул

Објавено

на

Германскиот стратег на Ливерпул, Јирген Клоп се соочува со огромни проблеми во дефанзивата затоа што тројца стопери му се повредија, па во моментов може да смета само на еден здрав стопер, а тоа е Џо Гомез.

Гомез сигурно ќе стартува од првата минута, а се поставува прашање кој ќе му прави друштво во срцето на одбраната откако на натпреварот со Митјиланд се повреди и принудното решение, Фабињо.

Многумина очекуваа дека Клоп за натпреварот со Вест Хем ќе даде шанса на некој помлад фудбалер, но по неговата вчерашна изјава јасно може да се посочи дека тој планира во одбраната да стави поискусен фудбалер.

Во комбинација се Хендерсон, Робертсон, Џејмс Милнер или Џорџињо Вијналдум кои би можеле да покријат како стопери, а Клоп ги спореди со Хавиер Маскерано кој иако немаше предиспозиции за стопер беше повлечен од позицијата последен играч за врска на стоперската позиција и токму тука понуди феноменални настапи.

– Очигледно е дека имаме и други опции како Хендо, Џини или Џејмс, а можеби и Робо може да игра централен дефанзивец исто така. Никој од нив не е помал од Маскерано, за пример, а тој играше доста добро на таапозиција.

– Се уште имаме една или две опции за таа позиција и една сигурно ќе избереме за натпреварот. Која ќе ја избереме, ќе мора да пуштите ТВ утре вечер, -изјави Клоп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни