Поврзете се со нас

Лига Европа

Искусниот Молина не реализираше пенал за израмнување, Интер се пласираше во четвртфиналето (Видео)

Објавено

на

Интер и Манчестер Јунајтед се пласираа во четвртфиналето на Лига Европа, откако италијанскиот тим го скрши отпорот на цврстиот Хетафе, а англискиот премиерлигаш само ја доврши работата против слабиот ЛАСК.

Во дуелот кој се играше во Германија, може слободно да се каже дека Хетафе не искористи ниту една од своите зрели шанси, најпрво две при резултат 0:0, а потоа и при водство на Италијанците.

Ромелу Лукаку го отвори резултатот во 33-та минута по двете големи шанси кои не ги реализираа играчите од Мадрид, па тоа му донесе значителна стабилност на тимот предводен од Антонио Конте, се до последните 20 минути од вториот дел.

Кога се чинеше дека Интер има контрола врз играта, Годин направи пенал при едно играње со рака во шеснаесетникот, но искусниот Молина го промаши цел гол и не ја искористи најдобрата шанса за враќање во мечот.

Во продолжение, експресно по влегувањето во игра, Кристијан Ериксен погоди за 2:0, а тоа се покажа и како конечен резултат на овој натпревар.

На вториот меч, Манчестер Јунајтед со комбиниран тим славеше со пресврт против ЛАСК со 2:1, па со вкупни 7:1 ќе го гледаме во фајнал-ејт завршницата во Лига Европа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни