Поврзете се со нас

Евролига

Искусниот Ивановиќ седнува на клупата на Виртус Болоња

Објавено

на

foto:x.com/VirtusSegafredo

Искусниот црногорски стратег Душко Ивановиќ се враќа на сцената и тоа со ангажман во италијанскиот прволигаш и член на Евролигата, Виртус Болоња.

Виртус остана без тренер откако Лука Банки одлучи да си поднесе оставка по неочекуваниот пораз на екипата во соочувањето со Алба Берлин, па клубот веднаш се активираше и ја пронајде замената во 67-годишниот Ивановиќ кој последниот ангажман го имаше во Басконија во минатата кампања.

Во кариерата освен во Шпанија има работено во Швајцарија, Франција, Грција, Русија, Турција и Србија каде ја предводеше Црвена Звезда, утрешниот ривал на составот од Болоња во Евролигата.

Договорот е со важност од 30 јуни 2025 година.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни