Поврзете се со нас

Англија

Искусниот играч за врска незадоволен од минутажата: Му порачав на Тен Хаг дека не сум среќен

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Кристијан Ериксен е еден од поискусните играчи во првиот тим на Манчестер Јунајтед и последно доби шанса на дербито против Ливерпул на „Олд Трафорд“, но неколку дена подоцна, Данецот призна дека не е задоволен од тоа како се развива ситуација за него оваа сезона.

Играчот за врска го загуби местото од Коби Маино и на натпреварот против Ливерпул го забележа само третиот настап во 2024-та година, нешто што е премалку за фудбалер кој се навикна да биде и во стартната постава на „ѓаволите“.

– И претходно имам изјавено дека не сум среќен кога не играм, но тоа не е нешто поради кое останувам буден навечер. Тимот има добри перформанси и мора да ја почитувам улогата која ја имам во моментов.

– Моја задача е да работам напорно и да бидам свеж и подготвен за секој меч. Јас го правам тоа, а во оваа фаза на кариерата доста полесно се носам со фактот што не играм на секој натпревар.

– Имав разговор со Ерик Тен Хаг и му порачав дека сум незадоволен од ситуацијата и дека сакам да играм повеќе, но истовремено се ставам на располагање за што и да треба. Тој ми кажа дека во моментов тоа е тимот кој го избира, Коби игра добро и останатите играчи во средниот ред исто така се на високо ниво. Има голема конкуренција и мора да се почитува одлуката и кога сте надвор од стартниот тим. Никој не сака да седи на клупа, но правило е дека не се менува победничкиот тим и тоа се случува со Тен Хаг и Јунајтед во моментов, – изјави Ериксен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни