Поврзете се со нас

НБА

Искусниот Грифин се сели во друг НБА великан (Фото)

Објавено

на

Формата на Блејк Грифин е во надолна линија веќе неколку години и далеку е од моментите кога беше главна ѕвезда во Лос Анџелес Клиперс, но искусниот центар и натаму успева да си обезбеди нови договори во елитни НБА франшизи.

По последната авантура во Бруклин која беше доста разочарувачка, Грифин во новата сезона ќе биде адут плус под кошевите кај еден од најдобрите и најтрофејни тимови во историјата.

Грифин и Бостон Селтикс се договориле на едногодишна соработка, што прави „келтите“ да бидат дури трет негов различен тим во НБА лигата во последните две години.

По крајот на авантурата во Клиперс, Грифин три години беше во Детроит, во 2021-ва го засили Бруклин, а сега ќе го облече зелениот дрес на Бостон.

Ексклузивната информација ја пренесе угледниот новинар Војнаровски, кој никогаш не греши со своите инсајдерски вести кога е во прашање НБА лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни