Искусниот Биелса нов тренер на Алиоски во Лидс

bielsa-lil-3283288932

Од редовите на Лидс Јунајтед утрово го потврдија назначувањето на Марсело Биелса на тренерската позиција.

62 годишниот Аргентинец со тимот на Лидс потпиша двегодишен договор во кој има опција за продолжување на соработката на уште една дополнителна година.

-Отсекогаш имав амбиција да работам во Англија и веќе имав неколку понуди да го направам тоа за време на мојата кариера. Како и да е, чувствував дека треба да чекам да дојде вистинскиот проект. Кога историски клуб како Лидс Јунајтед ми испрати понуда, беше невозможно да ја одбијам- коментираше Биелса на назначувањето како нов предводник на славниот англиски клуб.

Аргентинецот на клупата на „Еланд Роуд“ ќе го наследи Пол Хекинботом кој заработи отказ по крајот на сезоната.

Facebook Коментари