Поврзете се со нас

Македонија

Искусниот бек има нов клуб: Глишиќ потпиша за Гостивар

Објавено

на

Доскорешниот играч на Вардар, Дарко Глишиќ официјално беше промовиран во новата средина, а тоа е Гостивар.

Искусниот лев бек од 2021 година беше дел од „црвено-црните“ со кои мина низ многу тежок период за да сега му се отвори можност и се пресели во амбициозниот состав на Гостивар кој претходната кампања ја заврши на шестата позиција на табелата со 42 бода.

Дарко во натпреварувачката 2023/2024 настапи на 34 натпревари на кои постигна 4 гола и забележа 7 асистенции.

Тој во досегашната кариера освен во Македонија има настапувано во БиХ, Грузија, Бугарија и Кипар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни