Искусниот Ангелов му стана соиграч на Митков во Кремс

angelov_race_podignati

Австриски Кремс веќе подолго време може ужива во мајсториите и настапите на Влатко Митков, а од денеска македонската врска е посилна и за искусниот голман Петар Ангелов.

Популарниот Диви доаѓа во новата средина токму по препорака на Митков и тоа откако клубот се соочи со криза и повреди на голманите. Кремс го исконтактирал Ангелов и паднал договор, па сега само се чека сертификат од Турција за да може некогашниот член на Вардар и Металург да дебитира во Австрија.

-Потпишав до крајот на сезоната, бидејќи до пред три дена бев во Анталија. Очекувам што поскоро да заиграм, во петок веќе играме важен меч за третото место. Ако избориме пласман во Европа можам и да останам, Презадоволен сум од пречекот, целиот град се радува и примен сум со големо медиумско внимание. Тренирам, во добра форма сум, мотивиран да го дадам максимумот, -рече Ангелов за „Дерби“.

Инаку поранешниот македонски репрезентативец имаше двегодишен договор со турскиот клуб Анталијаспор, но одработи само шест откако пристигна повик од Австрија.

Facebook Коментари